Погба во Реал Мадрид за 150 милиони евра?

Реал Мадрид тргнува во последен обид да го доведе Пол Погба од Јунајтед, за тоа „Кралевите“ се подготвени да издвојат неверојатни 150 милиони евра.

Зинедин Зидан очајно го сака Погба во Реал, за тоа разговарал со раководството на клубот, се зависи од продажбата на Герет Бејл пишува „The Sun“ .

Погба јасно им даде до знаење на Јунајтед дека сака да замине, има многу понуди, последната доаѓа од Мадрид. Доколку дојде до овој трансфер, тоа ќе биде најголемиот  во историјата на Премиерлигата, рекордот го има Кутињо кој за 145 милиони од Ливерпул прејде во Барселона.