
На 27.07.2019 година околу 13:00 часот било пријавено дека во рудник во Крива Паланка, при изведување на работни активности со телесни повреди се здобиле рударите А.Н. (32) од Крива Паланка и Ј.М. (30) од паланечко.
Рударот Б.М. (57) од Крива Паланка починал на местото на настанот.
Повредените рудари се пренесени во Клиничка болница во Куманово.
Увид на лице место извршила увидна екипа од Крива Паланка, а од страна на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.