
Делегација на Претставничкиот дом на САД денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.
Делегацијата во чиј состав се Шаланда Јанг, директор на Секторот на Комисијата за буџет и Кристи Џ.Антони, раководител на Одделот за буџетско планирање – Буџетска канцеларија во Претставничкиот дом на САД ќе се сретнат со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.