Дојава за бомба во „Слободна Далмација“

Поради дојава за поставена бомба, евакуирана е зградата на „Слободна Далмација“.

Евакуацијата е извршена околу 12 часот откако непознато машко лице пријавило на редакциски телефон дека е поставена експлозивна направа во објектот, поради што полицијата била повикана.

Полицијата се наоѓа во зградата и врши претрес, јавија хрватски медиуми.