Македонија и Србија со еден граничен премин

Од неделава стартуваат заедничките гранични контроли со нашиот северен сосед.
Само уште неколку дена на граничните премини Табановце и Прешево меѓу Србија и Македонија ќе мора да застануваме по два пати – со ратификацијата на договорот меѓу двете земји од страна на српскиот парламент имплементацијата на заедничките гранични контроли може и практично да започне.

Тоа значи дека патниците но и транспортерите кои патуваат од и кон Србија нема да застануваат и на двата гранични премини за да ја поминат границата туку само на еден – при излез од Македонија на српскиот, а при влез на нашиот, каде службениците и на двете земји ќе ги вршат сите потребни формалности. Ова е посебно значајно за намалување на чекањето за обавувањето на царинските контроли на транспортерите, кои ќе си ги намалат нервозите, загубеното време и трошоците. Заеднички гранични контроли треба да бидат воспоставени и на Ќафасан.