
Во пукотници кои се случиле вчера за време на фестивалот за храна во Калифорнија, има жртви, но полицијата не соопшти официјални информации. Неофицијално, загинале четири лица, а 15 биле повредени.
Очевидци тврдат дека жена околу триесетина години одненадеж извадила пушка и почнала да пука по луѓето.
„Видов како пука во сите правци. Немаше некоја посебна мета“, изјавија очевидци.