
Францускиот амбасдор Кристијан Тимоние не знае дали Македонија може да ги реши домашните задачи до октомври но бара во целосна транспарентност владата да преземе мерки за нивно спроведување.
Ако се суди според листата на обврски за владата земјава во јуни не доби датум за преговори поради неспроведени обврски, а не поради технички причини како што убедува Заев.
За Тимоние телевизијата која ја води Боки 13 е формирана под сомнителни околности.
Не сакаме Македонија да биде шпанска серија туку очекуваме од Македонија да биде одговорен партнер, вели францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, во изјава за весникот „Вечер“, осврнувајќи се на случајот „Рекет”.
Тимоние посочува дека во контекст на овој случај, се објавуваат многу работи, не се знае што е точно, што не, но постои правна рамка која што треба да се искористи за да го расветли сето тоа и не е возможно да се кријат работите под тепих.
Амбасадорот апелира на почитување на пресумпцијата на невиност. Тој е дециден дека е неопходно да се покаже дека институциите функционираат и смета дека има време да се постигне тоа до месец октомври кога земјите-членки на ЕУ ќе одлучуваат за доделувањето датум за преговори на ЕУ со земјава. Во спротивно, предупреди францускиот амбасадор, потоа ќе треба да се сносат последиците.
„Ако го земете целиот список што треба да се испорача, особено од областа на владеењето на правото, го имате списокот за кој ќе се разговара дали е постигнат одреден напредок.
Го имате прашањето за слободата на медиумите, а со тоа е поврзано прашањето за онаа телевизија која беше основана под сомнителни околности.
Потоа го имате прашањето поврзано со корупцијата, прашањето за судството кое исто така е во списокот, прашањето за одвојување на државата од политичките партии…
Сите тие прашања фигурираат во списокот на обврски и се вклучени во оваа афера („Рекет”) и не можам да ви кажам повеќе.
Дали ќе може сето ова да се реши и тоа во целосна транспарентност до месец октомври не знам, но сепак ќе може да видиме како властите се носеле со оваа криза и како се искористиле сите ресурси за да се реши истата, изјави амбасадорот Тимоние за весникот „Вечер”.
Целата изјава на амбасадорот на овој линк