
Мало еленче кое најверојатно се спуштило од планината Галичица, плива во водите на Охридско Езеро кај Свети Наум.
Хајлајт на денот: еленчево што си плива кај Свети Наум ❤ pic.twitter.com/fG330RQsHq
— fall from grace (@tindomiell) July 28, 2019
Инаку неодамна во националниот парк Галичица почна изградбата на репродуктивен центар за елени. Центарот со големина од стотина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и шест мажјаци) и ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.