
На 28.07.2019 годинa во 9.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил „Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(60) од Скопје и велосипед управуван од Н.С.(60) од Скопје.
Н.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.