Заев најавува преземање на ингеренциите на Охрид и Струга и справување со дивоградбите

Дивоградбите во охридскиот регион се актуелна тема во Македонија, а тоа наидува на лавина критики од пошироката македонска јавност, како и реакциите на УНЕСКО.

Премиерот Заев најави дека доколку општините не постапат според правилата, ингеренциите за дивоградбите ќе бидат преземени од државата.

„Очекуваме општините да постапат за дивоградбите во охридскиот регион. Ако не можат да го направат, тогаш ќе преминеме во преземањето на ингеренциите од државата. Тоа е наша обврска согласно УНЕСКО. Во иднина ќе имаме режим за Охрид, Струга и Дебар, заради почитување на стандардите на УНЕСКО“, истакна Заев.