
Некои рекле дека Бред Пит изгледа толку добро на 55-годишна возраст, додека други признале дека уживале во сцената.
Американскиот актер Бред Пит (55) во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ го отелотворил ликот на Клиф Бот, а овојпат го воодушевил женскиот дел од популацијата.
Во една сцена Бред се наоаѓа со Леондардо Ди Каприо на кровот, за да ја поправи антената. Бред тогаш ја соблекува кошулата, а обожавателките своето воодушевување го покажале на социјалните мрежи. Тие искоментирале дека актерот изгледа подобро отколку кога ја соблекол маицата во филмот „Телма и Луиз“ од 1991 година.
„По ѓаволите, Бред знаеше дека не треба да ја соблече кошулата за да ја поправи антената, но тоа го направи поради нас“, е само еден од коментарите на обожавателките.
Исто така, некои рекле дека Бред Пит изгледа неверојатно добро на 55-годишна возраст, додека други признале дека уживале во сцената.
Ова е прв пат двајцата холивудски заводници да глумат заедно, а нивната соработка и самиот режисер Квентин Тарантино ја опишал како највозбудлив тандем после Роберт Редфорд и Пол Њумен.