Обвинет за терористичките напади од 11-ти септември може да сведочи против Ријад

Еден од осомничените организатори на терористичките напади од 11-ти септември 2001 година врз САД, Калид Шеик Мохамед, е подготвен да сведочи во полза на лицата и компаниите кои ја тужат Саудиска Арабија, доколку американските власти се откажат од барањето за смртна казна против него, пишува The Wall Street Journal.

Според весникот, обвинетиот ваквиот предлог преку своите адвокати во петокот го доставл до сојузниот суд во округот Менхетен. Имено, во овој суд се разгледува колективната тужба од повеќе од 800 лица, меѓу кои и роднини на загинатите како и настрадани во терористичките напади од 11-ти септември. Во 2017 година тие ја тужеа Саудиска Арабија, обвинувајќи ја сунитската блискоисточна монархија дека ја поддржувала и финансирала терористичката мрежа Ал Каеда, која е одговорна за смртта на речиси 3.000 луѓе.

Во споменатото писмо, адвокатот на Мохамед, кој во моментов е заточен во американската поморска база во кубанскиот залив Гвантанамо, истакнува дека во моментов неговиот клиент не е подготвен да сведочи во случајот. Сепак, како што се истакнува во написот на WSJ, главната причина за неговото одбивање да сведочи е „воопштениот карактер на обвинението“. Во случај да биде остранета „можната смртна казна, ќе биде можна многу поширока соработка“, навел адвокатот на Мохамед.

Подоцна повеќе од дваесетина американски осигурителни компании поднесоа тужби против две саудиски банки и компании поврзани со семејството на Осама бин Ладен, како и против неколку хуманитарни организации во вкупна вредност од најмалку 4,2 милијарди доларди поради поврзаност со терористичките напади во 11-ти септември 2001 година.

Адвокатот кој ја застапува Садуска Арабија одбил за The Wall Street Journal да ги коментира наводите.

Во септември 2016 година, американскиот Конгрес со 97 гласови „за“ наспроти 1, заобиколувајќи го ветото на тогашниот претседател Барак Обама го поддржа предлог-законот кој им овозможува на семејствата на жртвите од нападите од 11-ти септември 2001 година да покренат тужби против Саудиска Арабија. Обама тогаш во писмото испратено до законодавците посочи дека заобиколувањето на ветото може да има погубни последици за Пентагон и американските војски стационирани во странство. Уште на почетокот од октомври 2016 година, Американка која го загубила сопругот во нападите ја поднесе првата тужба против Саудиска Арабија.

Во американската јавност често може да се слушнат обвиненијата дека Саудиска Арабија ги премолчувала активностите на Ал Каеда, па дури и оти нејзини високи функционери одржувале контакти со оваа џихадистичка групација. Официјален Ријад негира секаква вмешаност во терористичките напади, и се зкани со продажба на хартии од вредноста на САД во износ од стотици милијарди долари кои ги поседува, доколку американските судови наложат апсења во случај на позитивни одлуки по тужбите од американските граѓани.

На 11-ти септември 2001 година, 19 терористи на Ал Каеда грабнаа четири патнички авиони. Два од нив беа насочени кон кулите „близначки“ од Свертскиот трговски центар во центарот на Њујорк, третиот во зградата на Пентагон во предградие на Вашингтон, а четвртиот кој исто така грабнувачите го насочиле кон американската престолнина, се урна во близина на градот Шанксвил во државата Пенсилванија. Вкупно во овие напади загинаа 2.977 луѓе.