
Обединетите Нации ја критикуваа одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја врати смртната казна на федерално ниво по 25-годишен мораториум за извршување смртни казни.
Портпаролот на Канцеларијата за човекови права на ОН во Женева, Руперт Колвил на брифинг рече дека одлуката на Белата куќа е во спротивност со меѓународниот тренд на укинување или наметнување мораториум на смртната казна.
ОН веќе долго време се противници на смртната казна. Постојат многу критичари и во САД, кои тврдат дека казната се извршува непропорционално врз малцинствата и сиромашни луѓе, јавија светските агенции.