
ПСЖ ова лето не беше активен на пазарот. Парижаните претходните години трошеа огромни суми на нови засилувања, но ова лето одлучија малку да запрат.
Францускиот клуб потврди дека нов фудбалер на овој клуб е Идриса Гана Геје кој стигна од Евертон за 30 милиони евра.
Сенегалецот ќе им се приклучи на новите соиграчи штом ќе се вратат од турнејата во Австралија.
Претходно, Томас Тухел го доведе Диало од Борусија Дортмунд, а на „Паркот на принцовите“ пристигна и Ерера како слободен агент од Манчестер Јунајтед.