
Вечерва околу 20 часот на магистралниот пат Велес-Штип, кај клучката кај Ново Село се случи сообраќајна несреќа, потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, за Слободен печат.
Во директниот судир меѓу товарно комбе со скопски регистарски таблички и патнички автобус со кратовски регистарски таблички, загинало едно лице. Околу десет лица се повредени и се згрижуваат во Градската болница во Велес.
Во моментов приоритет е згрижувањето на повредените, а откако тоа ќе заврши следува увид на местото на несреќата за да се утврдат причините.