
Бас гитаристот, пејач, композитор и водач на рок групата „Дисциплина кичме“, Душан Којиќ Која (58) имал мозочен удар и се наоѓа во болница во кома.
Како што пишуваат српските медиуми, Која бил во Англија, во посета на својата сестра, кога доживеал мозочен удар. Веднаш бил хоспитализиран, а лекарите го ставиле во медицинска кома за да му дадат доволно време на мозокот да заздрави.
Оваа медицински предизвикана кома е наменета за посебно тешко болни пациенти, со цел да не го загубат животот.