
Според истражувањето на „Евростат“, жените во Македонија живеат подолго од мажите 3,8 години. Податоците на европската статистичка централа покажуваат дека во регионот има најголема разлика во животниот век помеѓу жените и мажите во Бугарија и тоа повеќе од седум години, а доста е поголема разликата и во Србија, со пет години разлика во животниот век меѓу мажите и жените, во Грција таа е за 5,1 година, а во Турција жените живеат повеќе од мажите 5,6 години.
Убедливо најголемиот јаз е во Летонија, со разлика од 9,9 години, потоа Литванија со 9,8, во Естонија разликата е 8,8, во Полска 7,9 и во Романија 7,4 години.
Најмала разлика во траењето на животот кај мажите и жените има во Холандија 3,2 и во Шведска каде таа изнесува 3,3 години.