
Во полициската станица Гевгелија на 30 јули бил пријавен пожар во станбена зграда на улица „Ристо Чавдаров“.
Како што информираат од МВР, во инцидентот биле опожарени станови од поткровјето на зградата, а при увидот било утврдено дека причина за пожарот била греалка која се користела во еден од становите.
Пожарот бил изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и Неготино.
Неофицијално, опожарени се шест станови од зградата во која има вкупно 36 стана.