
Веќе три години не е саниран одрон и лизгање на земјштето на дел од патот кон Преспа, поточно кон граничниот премин Маркова Нога што води кон Грција, и е оставен на милост и немилост, напиша револтирана граѓанка во „Фејсбук“ групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.
Целиот статус и фотографиите ви ги пренесуваме во целост.
Три години од одронот и лизгањето на земјиштето, дел од патот кон Преспа, поточно кој води до граничниот премин Маркова Нога, кон Грција, е оставен на милост и немилост на времето.
Три години се кружи по макадам, на самата ивица кон провалија. Голема е опасноста за уште поголема катастрофа, зашто не се санираат последиците од одронот. Оштетувањето и пукнатините на самиот асфалт се се’ поголеми и поголеми.
Од неодамнешното невреме во Преспа, одронот е зголемен, а изгледа кој е надлежен за ова е и слеп и глув за овој проблем“, напиша Снежана Димова во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.