
Најмалку 34 цивили загинаа во Авганистан кога автобус налета на бомба во авганистанската провинција Фарах на западот од земјата, соопштија официјални лица, а пренесуваат светските агенции.
Во експлозијата, која одекнала во 5 часот наутро по локално време на автопатот Херат – Кандахар во областа Бала Булук, повредени се најмалку 17 лица, информираа локалните власти.