За реконструкција на Универзална доделени 490 илјади евра

Согласно со програмата на Владата за капитални дотации во локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година, на Град Скопје му се доделени 30 милиони денари или 490.000 евра за реконструкција на Универзална сала.

Дали тоа значи дека конечно ќе се реконструира или изгради нова Универзална сала, наместо старата која со години е затворена?

Градоначалникот Шилегов, инаку на скопјани им вети стартување на процесот на изградба на Универзална сала веднаш по добивање на градоначалничкиот мандат уште во време на предизборието за локалните избори во октомври 2017.