
ВМРО-ДПМНЕ предлага изборот на човекот што ќе го го води обвинителството за организиран криминал и висока корпупција освен Советот на јавни обвинители да ја влучува и Комисијата за избори и именувања во Собранието како и опозицијата.Ова денеска го соопшти Антонио Милошоски по преговорите со власта за новиот закон.
„Предлагаме комисијата за избори и именувања да има својата улога во предлагањето на кадри до Советот за јавни обвинители врз основа на однапред утврдени строги и високи критериуми кои што секој треба да ги исполнува“, објасни Милошоски.