
Патничко возило марка „бмв“ кое вчера било пријавено за украдено во Тетово денеска било најдено од полициските службеници, инфомира СВР Тетово.
Возилото имало германски таблици и е во сопственост на печалбар. За украдено, возилото го пријавил негов роднина кој го возел, а му го украле со клучевите оставени во автомобилот.
-Денеска околу 13 часот, на локалниот пат Стримница-Челопек полицајците го нашле патничкото возило „бмв“ со германски регистарски таблици. Инаку, вчеравечер околу 23:40 часот било пријавено дека е одземено на улица „Штипска“ во Тетово, од страна на 45-годишниот тетовец Р.В, информира Марјан Јосифовски портпарол на СВР Тетово.
Извршен е увид, по што возилото ќе му биде вратено на сопственикот