Утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Поради државниот празник Илинден, утре автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници: Транспортен центар и Зелен пазар од 7 до 19.30 часот, а Ѓорче Петров од 7 до 13 часот, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.