
ОВЕН
Работа: Потрудете се да ги исправите грешките и повеќе да се посветите на работата. Ова е ден во кој ќе ви биде дадена втора шанса.
Љубов: Не сакате да се откажете од љубовта со личноста со која не се сложувате најдобро.
Здравје: Можни проблеми со нозете.
БИК
Работа: Ќе направите се што можете за да дојдете до подобра работна позиција. Подготвени сте да напредувате.
Љубов: Може да очекувате интересно познанство кое подоцна ќе ве води до врска.
Здравје: Водете сметка околу мрсната храна.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Разочарани сте и се чувствувате несигурно. Работата не почнала онака како што сте очекувале и сега е време за промени.
Љубов: Можно е да ве оптоваруваат разговорите со партнерот кој од вас секогаш бара нешто ново.
Здравје: Хроничен умор.
РАК
Работа: Немојте да ризикувате било што на работа затоа што денот ви е неповолен. Избегнувајте било какви вложувања.
Љубов: Можно е саканата личност да не ви пружа доволно внимание и поради тоа се ладите.
Здравје: Чувствителен кардиоваскуларен систем.
ЛАВ
Работа: Не е поволен ден за поголеми работни промени. Се што сакате да направите е прво да анализирате од сите агли.
Љубов: Ако сте во брак, ќе немате добри односи со саканата личност.
Здравје: Проблеми со стомакот.
ДЕВИЦА
Работа: Избегнувајте почеток на нови работи денеска и потрудете се да покажете подготвеност да се позанимавате со старите.
Љубов: Вашето импулсивно однесување и брзоплетите реакции би можеле да ви создадат проблеми во врската.
Здравје: Проблеми со дишните патишта.
ВАГА
Работа: Финансиите не ви се стабилни и сакате да ја менувате работата за себе си да си дозволите подобри услови.
Љубов: Пред вас е период во кој може да имате проблеми со саканата личност.
Здравје: Водете сметка околу штитната жлезда.
ШКОРПИЈА
Работа: Нема да успеете да ги остварите своите замисли денеска. Неповолен е денот за работното поле.
Љубов: Делувате незаинтересирано во контакт со личноста која ви се додворува и на тој начин одбивате почеток на нова врска.
Здравје: Можна е главоболка.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Загрижени сте за развојот на околностите на ова поле. Во последно време само некои лоши вести доаѓаат до вас.
Љубов: Саканата личност го менува однесувањето кон вас и тоа не ви се допаѓа.
Здравје: Депресија и лошо расположение.
ЈАРЕЦ
Работа: Можно е да немате добар однос со луѓето од работното опкружување и поради тоа вашата работа донекаде трпи.
Љубов: Копнеете по нови познанства и промени на љубовното поле. Не ви годи осаменоста.
Здравје: Проблеми со циркулацијата.
ВОДОЛИЈА
Работа: Потрудете се денеска да бидете доволно тактични и да бидете подготвени да покажете инцијатива кога е тоа потребно.
Љубов: Можно е повеќе да немате чувства кон партнерот и да се впуштате во флерт од страна.
Здравје: Вкочанетост.
РИБИ
Работа: Не е поволен ден за важни одлуки, потрудете се да избегнувате важни состаноци или било какви промени.
Љубов: Ви се допаѓа личност која не ги покажала отворено чувствата кон вас.
Здравје: Проблеми со холестеролот.