Борусија му го зема Суперкупот на Баерн

Фудбалерите на Борусија од Дортмунд го освоија германскиот Суперкуп, совладувајќи го на својот стадион минхенски Баерн со 2:0.

Првиот трофеј за „Милионерите“ во новата сезона го донесоа Пако Алкасер во 48 и Џејдон Малик Санчо во 69 минута, додека Баварците одиграа разочарувачки.

По возбудливото прво полувреме во кое немаше голови, Шпанецот Алкасер на почетокот од вториот дел погоди од волеј по асистенција на Санчо, а Англичанецот на дваесет минути пред крајот на мечот од соло продор го постави конечниот резултат.

Ова е шестата титула во Суперкупот за Борусија Дортмунд, додека Баерн остана на седум трофеи.