
Како што информира МВР, вчера во 02:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот село Миладиновци-населба Илинден 38-годишната В.М. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „мерцедес Ц 200“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.М.(43) кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а В.М. се здобила со телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.