Модриќ останува во Реал Мадрид

Реал Мадрид во саботата објави дека хрватскиот интернационалец Лука Модриќ нормално и одлично тренира подготвувајќи се за новата сезона, како и дена не знае ништо за информанцијата која се појави во хрватските медиуми за негово евентуално минување во редовите на Милан.

„За тоа не знам ништо. Тој одлично тренира, сѐ е перфектно“, рекол функвионер на Реал Мадрид за хрватската новинска агенција Hina.

Триесет и тригодишниот капитен на хрватската репрезентација, со Реал Мадрид има договор чија важност е уште две години, и во северниот дел од шпанската престолнина се подготвува за сезоната која започнува на 17-ти август.

Досега во повеќе наврати повторуваше дека играчката кариера сака да ја заврши во Мадрид, каде што Модриќ освои четири титули во Лигата на шампионите.

Минатиот месец во медиумите се појавија шпекулациите дека Милан е заинтересиран за Модриќ, но Реал Мадри тој наводен интерес го нарекол „нереален“ бидејќи Милан нема толку пари, колку што би вредел трансферот на Хрватот.