15.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Србин го застрелал својот син на плажа во Ханиоти

Дваесет и едногодишно момче од Србија е хоспитализирано во болница во Полигрос, откако неговиот татко, исто така Србин, пукал во него во Ханиоти.

Во извештајот на локалната полиција се наведува дека 39-годишниот маж пукал во својот син кој во тој момент се одморал со мајка му во Грција.

Таткото и мајка инаку се разведени, а кај таткото била пронајдена мала количина кокаин, пренесуваат грчките медиуми.

На пукањето претходела кавга меѓу таткото и синот, па во еден момент Србинот да извадил пиштол, го удрил со него синот во глава, а потоа го ранил во десната нога.

Таткото набрзо бил уапсен, додека момчето било пренесено во болница.