
Вчера во 12:45 часот било пријавено дека во Куманово на паркинг простор на булеварот „Октомвриска револуција“ патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот И.Ј. од село Лојане о.Липково удрило во 75-годишнатаР.М. од Куманово.
Р.М. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.