10.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Еден повреден во сообраќајна несреќа во Демир Капија

На 03.08.2019 во 17,00 часот било пријавено дека во Демир Капија на улицата “Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Томос АПН6“ со велешки регистарски ознаки, управуван од З.С.(46) од Демир Капија, и патничко моторно возило “Пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(29) од Демир Капија.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на настанот.