‘Англиски? Благодарам, не’, им порача министер на Французите

Францускиот министер за култура, Франк Риесте, ги повика своите сонародници помалку да го користат англискиот јазик, иако самиот претседател Емануел Макрон често ги употребува англиските изрази.

Французите и во минатото покажуваа особена гордост и чувствителност на својата култура и јазикот, а тамошните институции често преземаат мерки за одбрана од продорот на англискиот јазик и американизираните обичаи.

Министерот за култура, Франк Риесте, преки Twitter ги повика сонародниците да се придржуваат до користењето на францискиот јазик по повод одбележувањето 25-годишнината од законот со кој се регулира користењето на јазикот на телевизијата и радиото.

Критичарите во понеделникот, пак, го потсетија дека претседателот Емануел Макрон често користи англиски изрази и фрази, како, на пример, „старт-ап нејшн“ за промовирање на француските иновации и технологии.

„Самиот Макрон употребува англофонски фрази“, му одговори еден од кориснциите на социјалната мрежа на Риесте, а други наведуваат дека францускиот претседател еднаш алудирал на демократијата со изразот „ботом-ап“ систем.

Филмскиот работник Кристоф Куртоа истакнува дека франциските компании често попрво користат слогани на англиски отколку на француски јазик, како што е „Never Too Much“ на производителот на возила „Renault“ или „France Is In The Air“ на воздухопловната компанија „Air France“.

Таканаречениот Закон Тубон од 1994 година го прави францускиот јазик задолжителен во телевизиските програми, што значи дека сета содржина на некој друг јазик мора да биде синхронизирана. Радио станиците, пак, во текот на денот мора да емитуваат најмалку 40 отсто француска музика.

„Законот Тубон денеска полни 25 години! Тое е интерпретација на членот 2 од нашиот Устав: ‘јазикот на Републиката е француски’. Нашите секојдневни живото би биле многу поинакви без ова едноставно барање, зборувајте на француски“, напиша Риесте а законот кој го доби називот по тогашниот министер за култура.