
Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен од автомобил „БМВ“.
Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера во 11,30 часот во тетовското село Калник.
-Патничко моторно возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Ј.А.(20) од с.Калник, удрило во малолетник од с.Боговиње-тетовско, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.