
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика во понеделникот пратениците да усвојат закон кој ќе пропишува строги проверки на купувачите на оружје по двата најнови случаи на масовни пукања во сојузните држави Охајо и Тексас во кој вкупно беа убиени 29 луѓе.
Загинувањето на ови жртви не може да бидат „попусти“, рече претседателот Доналд Трамп, и ги повика двете партии да преземат чекори за да се осигураат темелни проверки на купувачите на оружје.
„Не можеме да дозволиме оние убиените во Ел Пасо во Тексас и во Дејтон во Охајо да загинале попусто. Истото важи и а оние кои се тешко повредени. Никогаш не можеме да ги заборавиме и оние многумина пред нив. Републиканците и демократите мора да се обединат и да воведат строги проверки на купувачите, можеби поврзувајќи го овој закон со очајно потребната имиграциска реформа. Нешто добро, ако не и ИЗВОНРЕДНО, мора да произлезе од овие два трагична настана“, објави Трамп утрово на Twitter, пред говорот во Белата куќа во врска со оваа тема, пренесува Reuters.
Трамп, исто така, ги обвини медиумите дека „во голема мера“ придонеле за воие напади, „ширејќи лажни вести и гнев“ ширум земјата, се истакнува во извештајот на AFP.
„Медиумите имаат голема одговорност кон човечките животи и безбедноста во нашата земја. Лажните вести во голема мерка придонесоа за гневот и бесот кој јакнат веќе многу години“, оценува американскиот претседател.
Вооружен напаѓач во саботата уби 20 луѓе во трговскиот центар „Walmart“ во Ел Пасо во Тексас, а полицијата смета дека станува збор за расно мотивиран напад, Само 13 часа подоцна, друг напаѓач во кафе-бар во Дејтон во Охајо усмрти девет лица, а тој самиот беше убиен од полицијата. Во двата напада ранети се повеќе од педесетина лица.