
Амбасадорот на САД во Русија, Џон Хантсман му ја предаде својата оставка на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој планира да ја напушти својата функција на 3 октомври, за да има доволно време да се именува и потврди неговиот наследник, напишал Хантсман.
Педесет и девет годишниот Хантсман е американски амбасадор во Русија од 3 октомври 2017 година. Тој претходно бил амбасадор во Кина и Сингапур, а исто така работел и како заменик трговски претставник и гувернер на државата Јута.