
По пет месеци, детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски поднесе оставка во болницата на Жан Митрев. Чадиковски ја потврди информацијата, посочувајќи дека оставката веќе е депонирана.
Со Чадиковски најверојатно ќе заминат и останатите членови од тимот кои со него поминаа во клиниката на Жан Митрев.
Чадиковски, е единствен лиценциран детски кардиохирург. На клиниката за детска хирургија работеше 20-тина години по што пред пет месеци направи трансфер во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови, откако државата и болницата на Жан Митрев се договорија фондот да ги покрива операциите.