
Третманот на децата продолжува во клиниката на Жан Митрев, вели за ТВ 24 министерот за здравство Венко Филипче и покрај отказот на детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски од болницата на „Жан Митрев“ и најавата дека од утре следуваат откази и на останатите десетина луѓе од тимот на Чадиковски.
Неофицијално, тимот предводен од Чадиковски, бил разочаран поради неисполнување на условите кои биле ветувани со склучување на договорот.