
Косовскиот амбасадор во земјава, Ѓерѓ Дедај, денеска во затворот-Скопје го посети поранешниот член на ОВК, Томор Морина, откако вчера Основниот кривичен суд – Скопје му го одобри барањето за посета.
По посетата амбасадорот Дедај на својот Фејсбук профил напиша дека Томор е многу добро, оти се чувствува невин и очекува да биде ослободен.
,,Им се заблагодаруваме на институциите, на дирекцијата на затворот Шутка во Скопје, за коректниот и пријателскиот третман,пишува амбасадорот Дедај на Фејсбук.
Морина беше приведен на 25 јули годинава на граничниот премин Блаце по потреница издадена од Интрепол.
Српските власти бараат Морина да биде екстрадиран во Србија, а властите во Приштина, пак, да биде ослободен и вратен на Косово.