
Хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ денеска во Риека најави пред новинарите дека претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ ќе се кандидира за уште еден мандат за шеф на државата и ќе биде кандидат на неговата партија.
Запрашан дали Грабар-Китаровиќ ја злоупотребила прославата на Денот на победата и татковинската благодарност за најава на новата кандидатура, Пленковиќ истакна дека тоа „се оценки на дел од медиумите и нејзините критичари“.
– Таа изјави дека дошла на Денот на победата како претседателка и дека ќе доаѓа и во следните пет години, нагласи хрватскиот премиер, додавајќи дека се останато е само интерпретација. гт