
Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 16 часот, на крстосницата на улицата „Илинденска“ со регионалниот пат Тетово-Брвеница и улицата „166“ во Тетово.
-Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Фолксаген Туарег со германски регистарски ознаки, управуван од 35-годишниот Б.Ф. од Мала Речица и мотоцикл „Априлија“ со тетовски таблици, што го управувал 27-годишниот С.А. од Голема Речица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Мотоциклистот и неговиот сопатник А.А.(24) од Голема Речица пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата полициски екипи извршиле увид.