
Репрезентацијата на Србија е голем фаворит во групата Д и еден од кандидатите за висок пласман на целото Светско првенство во Кина. Нашиот северен сосед има високи амбиции, а потврда за тоа е последната изјава на селекторот Александар Ѓорѓевиќ.
Легендата на европската кошарка со сериозна изјава најави евентуален дуел против „дрим-тимот“ на САД.
„Ние ќе ги оставиме да ја играат нивната и ќе ја играме нашата кошарка. Ако се сретнеме, Господ нека има милост кон нив…“, вели 51-годишниот стручњак.
Американците ќе пристигнат на Мундобаскетот значително ослабени поради големиот број на откажувања на големите ѕвезди.
СП ќе започне на 31 август, а ќе заврши со финалето на 15 септември.