
Општина Охрид ја заврши постапката и избра фирма која ќе треба да ги урне сите дивоградби кои имаат решение за уривање. Сепак, од Општината не кажуваат колку такви решенија се издадени.
-Општината избра економски оператор за рушење на дивоградбите, кој ги исполнува условите и критериумитепропишани во објавата и испратено е известување до истиот. Наредната седмица се очекува да се склучи договорсо избраниот економски оператор. Во овој момент нашиот одговор е дека Инспекциските служби се постојано натерен, бројот на предмети со утврдени отстапувања од Законот за градење секојдневно варира и не можеме дасоопштиме точна бројка на издадени решенија за отстранување на бесправно изградени објекти – велат од Општина Охрид.