
Целиот регион веќе со денови пишува за скандалозниот Рекет на Бојан Јовановски познат како Боки 13.
Утрово речиси повеќето српски медиуми бурно следејќи ја ситуацијата во Македонија го објавија и второто видео од Рекетот каде се слушаат разговори помеѓу бизнисменот Орце Камчев, Боки 13 и Катица Јанева.
Но, српските медиуми на големо пишуваат и дека се тресе владата во Скопје.
Српски „Информер“ пишува: СЕ ТРЕСЕ ВЛАДАТА ВО СКОПЈЕ! Италијански медиум објави нова снимка која докажува дека Заев и Боки 13 се заедно…