
Од СВР Тетово информираат дека возачот на Фолксвагенот се здобил со тешки телесни повреди и е префлен на Клиниката во Тетово. Возачот на товарното возило Форд и совозачот во Фолксвагенот исто така превентивно се префрлени на Клиниката во Тетово.
Сообраќајната несреќа се случила околу 18:15. Застој на патот има поради тоа што товарното возило пренесувало поликолор и од несреќата е истурен на коловозот.
На автопатот има колона од возила долга повеќе од 2 километри, а се чека повеќе од половина час. Застојот се случува во време кога граѓани од Тетово и Гостивар се враќаат од работа во Скопје.