
Речиси 400 луѓе во Холандија починале од последиците на минатонеделниот топлотен бран , што донесе рекордни температури во цела Западна Европа.
Според холандската Национална агенција за статистика , во топлотниот бран на крајот на јули , починале речиси 400 луѓе. Вкупно во Европа во истиот период починале 2 964 , и тоа од 22 јули. Тоа е за 15 прценти повеќе отколку летниот просек на починати.
Температурата во тој период на повеќе места надмина 40 степени , што е историски рекорд од почетокот на мерење на времето.
Во Холандија , околу 300 од починатите била лица постари од 80 години , а поголемиот број настрадале во источниот дел од земјата каде беа измерени и повисоки температури.
Научниците предупредуваат дека ваквата појава на топлински удари ќе биде вообичаена појава поради глобалното затоплување.