
Нема заболени граѓани од Антракс, но антракс сепак има. Иако Министерството за здравство првично демантираше дека оваа опасна бактерија се појавила во земјата, сепак призна дека истата е детектирана кај домашно животно во Западна Македонија.
Од Министерството за здравство потврдија – бактеријата била детектиран кај едно домашно животно, но велат ниту еден вработен во ветеринарниот факултет не бил заразен со болеста. Сите ветеринари кои биле во контакт со примерокот превентивно примиле по една доза профилакса, велат од Министерството.
„Министерството за здравство информира дека нема заболени граѓани од антракс во нашата држава. Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од Антракс“, информираат од Министерството.