
Голем пожар избувна крај Атина при што властите наредиле евакуација на околни места.
Пожарот во преградието Пеанија источно од Атина брзо се шири и може да се забележи утрово од главниот град.
Евакуирани се камп на островот Елафонисос како и село крај Маратон близу Атина. Најмалку 130 пожарникари со 42 возила се ангажирани за гаснење на пожарот.
Во моментот повеќе од 50 шумски пожари се активни во Грција.