
Научнците откриле мутации во гените на британскиот рок-пејач и еден од основачите на легендарниот бенд Black Sabbath, Ози Озборн,што му дало способност да консумира алкохол во огромни количества и ја определила неговата предиспозиција за зависност од наркотици.
Резултатите од ова истражување ги открива професорот на Медицинскиот факултет при Универзитетот Индијана, Бил Саливан, пренесува весникот The New York Times.
„Ози навистина е генетски мутант“, напишал Саливан во своето истражување за влијанието на ДНК врз однесувањето на човекот.
Во 2010 година научниците од компанијата „Knome Inc.“, од американската сојузна држава Масачусетс, кои се занимаваат со проучување на гените, решиле да ги истражуваат необичните човечки ДНК и стапиле во контакт со Ози Озборн. По извршените тестови, тие откриле дека пејачот поседувал претходно неистражена мутација, којашто праактично го направила имун на долгорочните ефекти од алкохолот.
Според Саливан, варијациите на генот влијаат врз поведението на човекот. Кај некои луѓе, на пример, се јавува зависност од слатки, кај некои, пак, разнородноста на гените предизвикува зголемена наклонетост кон кафето… Гените, исто така, влијаат не само на основните емоции, сексуалноста, туку и на политичките определувања на луѓето, тврдат научниците.
Така Саливен ја објаснува мутацијата кај 70-годишниот пејач, којашто предизвикала зајакнување на заштитиниот механизам на организмот кај Озборн, и го направила отпорен на разни стимуланси.
Весникот пренесува дека сега издаваштвото National Geographic е во подготовки за печатење книга со разултатите од студијата за влијанието на мутациите на ДНК врз однесувањето и здравјето на луѓето. Во неа ќе биде опишан и примерот на генетските промени кај Озборн, кој никогаш не криеше дека злоупотребувал дроги и алкохол во поголемиот дел од својот живот.
Ози Озборн, чиешто вистинско име е Џон Мајкл Озборн, е еден од основачите на рок-групата Black Sabbath, формирана во англиски Бирмингем во 1968 година. Бендот, кој во својата голекција има две награди Греми, има продадено повеќе од 70 милиони копии од своите албуми. Во 2017 година музичарите објавија дека ја завршуваат нивната соработка.