Повеќе од две илјади фирми и 2.500 граѓани ѝ должат на државата 160 милиони денари евра

Вкупно  2.013 правни лица и 2.509 физички лица, што претставува зголемување 716 нови субјекти споредено со лани , се најдоа на листата на Управата за јавни приходи (УЈП) на должници во вкупен обем од околу 160 милиони евра.

Ввкупно должат 160,3 милиони евра (9.855.487.876 денари). Тоа за даноци и придонеси отпаѓаат 157,8 милиони евра (9.704.800.807денари), додека за неплатени царински давачки е 2,5 милиони евра  (150.687.069 денари).

На Листата традционално се најдоа државни и јавни претпријатија, нови и стари загубари меѓу нив: Македонската радио телевизија, комунални претпријатија од неколку општини како и Општина Карпош, Трасмет, Повардарие, Те-То.

Целата листа должници на УЈП погледнете ја тука.