Кај Петровец загина едно лице во сообраќајна несреќа

Во близина на Петровец попладнево се случи сообраќајна несреќа, при што едно лице загина.

Во 18.48 часот пријавена е сообраќајна незгода во село Дрма, поточно на регионален пат помеѓу селата Идризово и Петровец, каде товарно возило ДАФ со скопски таблички излетало од коловозо, информираат од полицијата.

Возачот, Д. Т. (36) од село Ржаничино починал на местото на насреќата.